Новости

Фудбал

Милик подготвен за кам-бек по повредата

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, ќе продолжи со тренинзи и тоа во најскоро време. Ова се очекува да се случи во следните три недели.

Полскиот фудбалер нема среќа бидејќи по пристигнувањето во Неапол два пати се повредува и тоа има проблеми со лигаментите на колената во рок од една година. Тој се опоравува од својата втора повреда, која ја доби во септември. Фудбалерот имал прегледи во Рим, 77 дена по операцијата.

Лекарите му дадоа зелено светло за да продолжат со работа во јануари. Се уште не е јасно дали Милик ќе остане во Наполи во продолжение од сезоната или ќе биде испратен на позајмица за да се врати во форма.

GOLD
To Top