Новости

Фудбал

Младеновски: Чест ми е што ќе ја претставувам Македонија

Македонскиот фудбалски судија, Марјан Младеновски ќе биде дел од Европското футсал првенство за играчи до 19 години кое ќе се одржи во Рига, Летонија.

„За мене ова е прво искуство на едно Европско првенство и навистина ми е чест што ја претставуваат нашата држава и Фудбалската федерација на Македонија. Хрватска – Шпанија ќе биде мојот прв натпревар и убеден сум дека “огненото крштевање” ќе помине во најдобар ред. На овој континентален собир учествуваат осум репрезентации и се надевам дека иако сум најмлад меѓу судиите, можам да бидам дел и од финалната фаза.“ – изјави Младеновски.

Нашиот судија воедно и посака и среќа и успех на нашата А репрезентација која во понеделник ќе игра во Рига против Летонија во 6 коло од евроквалификациите.

Извор: dribling.mk

GOLD
To Top