Новости

Фудбал

Моџи: Роналдо веќе потпиша за Јувентус

Контроверзниот поранешниот генерален менаџер на Јувентус, Лучијано Моџи, ја шокира јавноста со информацијата дека освојувачот на „Златната топка“ за минатата година, Кристијано Роналдо, веќе потпишал договор со гигантот од Торино.

Деталите, комплетниот трансфер и презентацијата треба да се дефинираат во следните денови, а Моџи за една од регионалните телевизии од Ломбардија откри и детали од трансферот на годината.

„Трансферот на Кристијано е договорен. Веќе во Минхен се извршени и лекарските прегледи и тоа од многу поодамна“, откри Моџи.

Неофицијално, португалскиот интернационалец ќе добива 30 милиони евра по сезона и ќе се обврзе на четиригодишен договор со „старата дама“. Во Торино го чека дресот со број седум.

gol.mk

GOLD
To Top