Новости

Фудбал

Мустафи е новиот голман на Шкупи

Шкупи поради повредата на голманот Игор Алексовски мораше да бара нова алтернатива за екипата, па денеска потврдија дека го ангажирале 25-годишниот Сулејдин Мустафи од Шкендија.

Мустафи ќе остане во Чаир до крајот на сезоната на позајмица, а ќе го замени Алексовски на голот, кој ги скина лигаментите на тренинг и ќе мора да паузира половина година.

Новиот голман на Шкупи во минатото има настапувано уште за Ренова и Тетекс, па ќе се обиде да им помогне на чаирчани за новите предизвици во вториот дел од сезоната.

GOLD
To Top