Новости

Фудбал

Муту мора да му плати на Челси преку 17 милиони евра

Романскиот фудбалер Адриан Муту летото 2003. година го засили тимот на Челси од редовите на Парма за 17 милиони евра.

Муту тогаш важеше за еден од најдобрите играчи во Италија, а Челси одлучи да го купи и за него издвои тогаш голема сума на пари. Во првата сезона романскиот фудбалер одигра 27 натпревари и постигна 6 погодоци и кога се чинеше дека добро се бклопи во тимот, тогаш настана хаос.

Имено, во октомври 2004. година Муту беше позитивен на кокаин тест што ја шокира фудбалската јавност. Челси одлучи веднаш да реагира и доби неколку месеци суспензија. После тоа од клубот одлучија дека најдобро би било да му се заблагодарат за соработката.

Летото 2005. година Муту потпиша за Јувентус, но од Челси не се откажаа од Романецот и случајот со кокаинот. Тие испратија тужба до ФИФА и побараа Муту да плати 17.173.900 евра, односно износот кој го платија за негов трансфер.

Евротип
SNBROKER
To Top