Новости

Фудбал

Наинголан го одбра Каљари за да биде со болната сопруга во најважната битка

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан повторно се врати во старото јато и во новата сезона ќе игра за калчолигашот Каљари.

31-годишниот Наинголан во Интер пристигна како големо засилување, но откако дојде Антонио Конте, му беше ставено до знаење дека мора да си бара нова средина. Белгиецот ќе игра во Каљари како позајмен, а има и причина за тоа.

Се работи за неговата сопруга, на која пред извесно време ѝ беше откриен рак и ја чека тешка борба за живот. Италијанката е родена во Каљари, па двајцата решиле да живеат во нејзиниот роден крај со семејството.

Наинголан играше на Сардинија од 2010 до 2014 година и за Каљари во минатото има 137 настапи.

GOLD
To Top