Новости

Фудбал

Наполи доби подарок од 22 мил. евра

Урбано Каиро, сопственикот на италијанскиот калчолигаш Торино, откри дека е разочаран од играта на фудбалерот кој беше купен во финишот од летниот преоден рок. Станува збор за Симоне Верди, 27-годишниот офанзивен играч за врска кој беше купен за 22 мил. евра.

-На Наполи му подарив 22 мил. евра. Таков подарок никогаш нема добиено ниту мојата сопруга, изјави Каиро за фудбалерот кој веќе го носеше дресот на Торино од 2011 до 2015 година.

Освен тој на Торино, Верди го носеше дресот на Еибар, Капри и Болоња, а изминатата сезона ја одработи во редовите на Наполи, откако „азурите“ ги осигураа неговите услуги за 25 мил. евра.

-Изминатата сезона ја завршивме на седмата позиција и веднаш донесовме одлука дека треба да ги осигураме услугите на Верди. Се распрашавме околу неговата цена преку нашите пријатели, Бранкини и Де Лаурентис. Згрешив што лично ги побарав, на тој начин ме убедија дека треба да платам повеќе од потребното. Го купивме во финишот од летниот преоден рок, многу вложивме во него, изјави Каиро.

Кога е во прашање актуелната сезона, Верди има одиграно само 254 минути и има запишано само една асистенција.

GOLD
To Top