Новости

Фудбал

Најдоски нов директор на Вардар: Среќен сум што се вратив дома!

Фудбалскиот клуб Вардар ја искористи денешната прес конференција за да го потврди враќањето на Илија Најдоски во „црвено-црниот“ клуб. Некогашната легенда на нашиот тим, во иднина ќе биде во раководните структури на Вардар, и ќе извршува функцијата технички директор.

„По долго време повторно се враќам во Вардар. Мило ми е што по 29 години ќе бидам во мојот дом, во овој клуб во овој историски момент и настапот во групната фаза од Лигата на Европа. Се надевам на добри резултати во соработка со стручниот штаб и со останатите. Со моето искуство ќе помогнам околу екипата и спортскиот дел. Верувам дека Зенит беше само еден лош ден, сметам дека против Розенборг и во другите натпревари од групата тимот ќе биде подобар“, изјави Најдоски.

Добродојде во клубот му посакаа и сопственикот на Вардар г. Сергеј Самсоненко, потоа извршниот директор г. Самоил Симев, спортскиот директор Дарко Панчев кој што играше во нашиот клуб заедно со Најдоски во т.н. „златна“ генерација на нашиот тим.

Евротип
Евротип
To Top