Новости

Фудбал

Најплатените тренери во Лигата на Шампиони – еве колку заработуваат

Дали знаете кои се најплатените тренери од оние чии тимови се уште се натпреваруваат во Лигата на Шампиони? И знаете ли колку заработуваат?

Ова се најбогатите меѓу нив, од оние со највисока плата до оние со помала плата – иако и понатаму спаѓаат во најдобро финансиски обезбедени меѓу фудбалските стратези.

Пеп Гвардиола, поранешен шпански фудбалер, тренер на Манчестер Сити од 2016 година. Договорот со клубот би бил еден од најскапите во историјата да не беше „Брегзит“ и падот на фунтата. Неговата годишна заработка изнесува 15,3 милиони фунти, односно 17,3 милиони евра.

Германецот Јуп Хајнкес е најстариот тренер во Лигата на Шампиони. На клупата на Баерн дојде по четврти пат во октомври 2017 година, а годишно во овој клуб заработува 12 милиони евра.

Германскиот тренер Јирген Клоп од 2015 година ја води екипата на Ливерпул, а годишно заработува 8 милиони евра.

Зинедин Зидан, поранешниот француски репрезентативец во рок од една година стана четвртиот најтрофеен тренер во историјата на Реал Мадрид. Годишната плата му е 8 милиони евра.

Максимилијано Алегри, италијански тренер, на клупата на Јувентус е од 2014 година. Заради постигнатите резултати оваа сезона, неговата плата е дуплирана на 7 милиони евра годишно.

Евротип
SNBROKER
To Top