Новости

Фудбал

Неизбежен е судир: Нејмар нема намера да остане во Париз, ПСЖ не го пушта за помалку од 300 милиони евра

Реномираниот француски весник, Л’Екип пренесе дека Нејмар нема намера да остане во Париз и следната сезона, ПСЖ пак не го пушта за помалку од 300 милиони евра.

Неизбежен е судир помеѓу Нејмар и ПСЖ судејќи по последната извештаи кои пристигнуваат од Франција. Денешното издание на Л’Екип носи нови детали од ситуацијата на Бразилецот на Паркот на Принцовите.

Спортивно на сториите кои велеа дека „светците“ направиле компромис и ги спуштиле барањаа на 180 милиони евра, реномираниот француски весник објави дека „светците“ нема да го пуштат Бразилецот за помалку од 300 милиони евра бидејќи во прашање е гордоста на Шеиците.

До овој момент нема пристигнато ниту една формална понуда за Нејмар, и единствено Барселона има доставено усмен предлог од 40 милиони евра плус услугите на Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ, кој веднаш бил одбиен.

ПСЖ исто така нема намера да дозволи трансфер сагата да се развлекува цело лето и поставил краен рок. Иднината на Нејмар треба да се реши до 10. август, односно пред стартот на првенството на Франција.

Извори блиски до Бразилецот за Л’Екип пак велат дека тие не се брзаат и дека преговорите течат. На прашањето дали Нејмар би можел и следната сезона да игра во ПСЖ, одговорот бил краток и јасен: НЕ.

GOLD
To Top