Новости

Фудбал

Нема повеќе членарина за најмладите во школата на ФК Победа АД

Клупското раководство на ФК Победа АД донесе одлука дека почнувајќи од 1-ви февруари 2018-тта година нема да се наплаќа членарина за ниту една од генерациите кои се вклучени во работата на Пионерско-младинската школа на ФК Победа АД. Истовремено ФК Победа АД ги повикува сите заинтересирани и талентирани млади дечиња дека клубот е отворен за упис на нови членови во сите генерации. 

Со оглед на фактот дека во фокусот на ФК Победа АД се младите категории и овозможување на максимални услови за нивна работа и развој со оваа одлука на најмладите од Прилеп и околината со зачленувањето во нашата школа им се пружа можност да уживаат во убавината на фудбалот и фудбалската игра. Од друга страна со ослобдувањето од членарина им се помага и на родителите кои ќе заштедат од семејниот буџет. 

ФК Победа АД се обврзува дека сите новопримени членови  ќе бидат селектирани од тренерите во Пионерско-младинската школа.   

GOLD
To Top