Новости

Фудбал

Нејмар го одработи првиот тренинг со ПСЖ

Со една недела доцнење, Нејмар го одработи првиот тренинг по завршувањето на одморот. Со ова бразилецот ги започна подготовките за новата сезона со првакот на Франција.

Сепак, иднината на Нејмар во дресот на ПСЖ останува неизвесна откако се појави информација дека неговиот агент го нудел во четири големи клубови од Европа меѓи кои се Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Нејмар не беше дел од составот на ПСЖ во победата над Динамо Дрезден од 6:1 но се очекува да биде во ростерот за следниот контролен натпревар. Најавата дека сака да си замине останува активна иако ќе биде дел од тимот на Тухел за време на турнејата во Кина.

Следниот пријателски натпревар ПСЖ ќе го игра против Нирнберг во сабота од 18:30 часот.

dribling.mk

GOLD
To Top