Новости

Фудбал

Нејмар не се појавил на првиот тренинг, во ПСЖ лути

Францускиот фудбалски првак мака мачи со однесувањето на Нејмар. Денеска официјално започнаа подготовките за новата сезона а на првиот собир не се појавил Нејмар.

„ПСЖ информира дека Нејмар не се појави во договореното време и место. Ова се случи без клубот да биде известен“ стои во соопштението на ПСЖ.

Според медиумите во Франција, Нејмар ќе биде сериозно санкциониран за оваа постапка. Бразилецот сака да се врати во Барселона но засега трансферот е само во најава.

Нејмар дојде во ПСЖ во 2017 за рекордни 222 милиони евра. Минатата сезона постигна 34 гола на 37 натпревари но исто такак беше дел и од неколку истраги за непримерно и неспортско однесување пренесува дриблинг.мк

 

GOLD
To Top