Токму на последниот натпревар од најсилното шпанско првенство, Марсело доби незгоден удар, а после прегледите стана јасно дека ќе мора да паузира поради истегнување на мускул.
Така, Марсело кој со години е еден од најважните играчи во екипата на Реал, сигурно нема да биде на располафање кај Лопетеги за градското дерби против Атлетико Мадрид кој ќе се игра в сабота навечер.
Исто така, Бразилецот скоро сигурно нема да биде во конкуренција и за дуелите против Алавес и ЦСКА во Лигата на шампионите.
Медицинскиот тим ќе соопшти кога Марсело ќе биде во можност да им се врати на тренинзите, а од претходно и Иско е на листата повредени играчи.
Од друга страна добра вест за тренерот на „кралевите” е што на располагање ќе ги има Карвахал и Одриозола кои не играа против Севиља, а во првиот тим е и младиот Хави Санчез.