Новости

Фудбал

Номинации на „Франс фудбал“: Листа од 30 фудбалери за „Златна топка“

Францускиот магазин „Франс фудбал“ објави список со 30 номинирани играчи за наградата „Златна топка“ што традиционално од 1956 година се доделува на најдобриот во светот. Меѓу нив има тројца голмани, а најмногу се членови на актуелниот европски првак, Реал Мадрид. Во продолжение и комплетната листа на претенденти за престижното признание:

Голмани: Алисон Бекер (Рома/Ливерпул), Тибо Куртоа (Челзи/Реал Мадрид), Јан Облак (Атлетико Мадрид)

Одбрана: Диего Годин (Атлетико Мадрид), Марсело (Реал Мадрид), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Рафаел Варан (Реал Мадрид)

Среден ред: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Нголо Канте (Челзи), Кевин де Брујне (Манчестер сити), Иско (Реал Мадрид), Пол Погба (Манчестер јунајтед), Иван Ракитиќ (Барселона)

Напад: Серхио Агеро (Манчестер сити), Герет Бејл (Реал Мадрид), Карим Бензема (Реал Мадрид), Единсон Кавани (ПСЖ), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Јувентус), Роберто Фирмињо (Ливерпул), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Еден Азар (Челзи), Хари Кејн (Тотенхем), Марио Манџукиќ (Јувентус), Садио Мане (Ливерпул), Килијан Мбапе (ПСЖ), Лионел Меси (Барселона), Нејмар (ПСЖ), Мохамед Салах (Ливерпул), Луис Суарез (Барселона).

„Франс фудбал“ објави поширок круг и на фудбалерки кои конкурираат за наградата. На женска листа доминираат девојки од Олимпик Лион – Луси Бронзе, Ада Хегерберг, Амандин Анри, Саки Кумагај, Амел Мажири, Џенифер Марошан и Венди Ренар. Нивни ривалки за признанието се Пернила Хардер (Волфсбург), Линдзи Хоран (Портланд), Френ Кирби (Челзи), Сем Кер (Чикаго Ред Старс), Марта (Орландо), Лике Мертенс (Барселона), Меган Рапино (Сиетл) и Кристина Синклер (Портланд).

Објавен е поширок круг на кандидати и за наградата за најдобар млад фудбалер. Изборот падна на десетте момчиња – Усем Оар (Олимпик Лион), Трент Александер Арнолд (Ливерпул), Патрик Кутроне (Милан), Рику Доан (Гронинген), Џанлуиџи Донарума (Милан), Амаду Хајдара (Салцбург), Џастин Клајверт (Ајакс/Рома), Килијан Мбапе (ПСЖ), Кристијан Пулишиќ (Борусија Дортмунд) и Родриго (Сантош).

Прогласувањето на најдобрите е на 3 декември во Париз.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: новатв

Евротип
Евротип
To Top