Новости

Фудбал

Одложени сите фудбалски натпревари во Кина

Кина ги прекина сите фудбалски натпревари од домашното првенство, вклучувајќи ја и највисоката кинеска Супер лига, како одговор на ширењето на смртоносниот вирус што ги зафати сите провинции во таа држава.

-Почетокот на сезоната 2020 ќе биде одложен за сите нивоа и сите видови на фудбал низ целата земја, соопшти Кинескиот фудбалски сојуз, за да го заштити здравјето на навивачите и играчите.

Сезоната на „CSL“ требаше да почне на 22 февруари.

dribling.mk

GOLD
To Top