Новости

Фудбал

Од Вечниот град ни доаѓа една убава, хумана приказна!

Апенинскиот полуостров моментално е најпогоден дел од светот од коронавирусот, со многу страшни бројки на заразени и починати лица. Римскиот гигант Рома, објави видео за да ни покажи како сите треба да бидеме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме, но во исто време како треба да постапиме со луѓето кои спаѓаат во најзагрозената група. Рома подготви специјално изнeнадување за дел од своите највозрасни фанови кои имаат сезонски билети, па така во време на голема хистерија и паника на чизмата, истите добија прекрасни подароци од клубот за кои навиваат цел живот. Најстарите фанови покрај потребните продукти добија и потпишани дресови, шалови, и обележја од клубот.

„Волчицата“ го објави симпатичното видео на социјалнте мрежи, а истото експресно доби милионски споделувања од фановите.
Потегот на Рома е за секоја почит.

https://twitter.com/i/status/1243613705226641412

 

GOLD
To Top