Новости

Фудбал

Официјално: Илија Несторовски е играч на Удинезе

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски се врати во Серија А, од денеска тој е нов член на Удинезе.

Удинезе потврди дека од денеска во својот ростер на фудбалери го има и нашиот Илија Несторовски.

„Удинезе сака да соопшти дека потпиша тригодишен договор со Илија Несторовски со опција за продолжување и за четврта“ – гласеше известувањето на клубот од Фриуили.

„Несторовски веќе покажа дека умее да постигнува голови во Серија А. Го одбра Удинесе и покрај тоа што имаше неколку значајни понуди, па треба да му се заблагодариме“ – рече техничкиот директор на клубот, Пиерпаоло Марино.

Несторовски во Удинезе пристигна како слободен играч бидејќи Палермо беше исфрлен во Серија Д и сите играчи на сицилијанскиот клуб добија раскин на договорите.

GOLD
To Top