Новости

Фудбал

Официјално: Паредес потпиша со ПСЖ

Два дена пред затворањето на зимскиот преоден рок, Пари Сен Жермен го објави трансферот на Леандро Парадес. Полудефанзивецот пристигнува од Зенит за 40 милиони евра, а уште 5 милиони се вклучени како клаузули при евентуални добри перформанси. Аргентинецот потпиша договор до летото 2023 година, а ќе го носи дресот со број 8.

Дваесет и четрири годишниот Паредес дојде во Зенит во 2017-та од Рома за 23 милиони евра. Аргентинецот брзо стана главна фигура во средниот ред на тимот од Санкт Петерсбург. Оваа сезона тој зеде учество во 15 натпревари во руската лига, во кои постигна 3 гола. Паредес реализираше еднаш и во Лигата на Европа.

Парижаните бараа одбранбен играч од средниот ред и би можеле да се обидат да земат уште еден во следниве денови. Вчера Евертон призна дека одбил понуда од 21,5 милиони фунти за Идриса Геј.

Инаку Французите се обидоа да договорат уште некој меѓу Френки де Јонг, Ренато Санчез и Алан Маркез, но немаа успех со ниту еден од нив.

GOLD
To Top