Новости

Фудбал

Официјално: Пике купи фудбалски клуб

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, официјално стана сопственик на фудбалски клуб.

Преку неговиот холдинг „Космос“, Пике ги стекна правата на ФК Андора, кој игра во првенството Примера Каталана, петтото ниво на шпанскиот фудбал.

Првата и најважна задача на Пике е да ги врати долговите на клубот од 200.000 евра, како што вети.

Претходно Космос на Пике ја превзема контролата над Дејвис купот и го трансформираше ова тениско натпреварување, а купувањето на Андора е доказ дека стоперот на Барса има долгорочни планови, па сериозна реализација ќе започне оној момент кога ќе ја прекине својата професионална кариера.

ФК Андора помеѓу 1980. и 1998. година играше во третата лига на шпанскиот фудбал, а во 1991 биле во 4-то коло од Купот на кралот, што воедно е и најголем успех на овој клуб.

GOLD
To Top