Новости

Фудбал

Официјално, ТАС потврди: Сити ја обжали одлуката на УЕФА!

Судот за спортска арбитража (ТАС), официјално потврди дека „граѓаните“ ја обжалиле одлуката на УЕФА. Европската куќа на фудбалот немаше милост кон Сити, и за прекршувањето на правилата за Финансиски фер плеј, им изрече на „граѓаните“ забраната за настап во Европа во сезоните 2020/21 и 2021/22, и плус парична глоба од 30 милиони евра. Од таборот на Манчестер Сити ги отфрлија ваквите обвинувања, и нагласија дека се ова е лага и зад процесот има политичка позадина. Арбитражниот суд за спорт во Лозана потврди дека жалбата е примена и дека тимот ќе се бори да ја избегне санкцијата, исто така од Судот велат дека не е можно да се предвиди кога ќе заврши целиот процес.

GOLD
To Top