Новости

Фудбал

Официјално: Челзи искешира 64 милиони за ѕвездата на Борусија Дортмунд

Во вториот ден од новата година се случи првиот голем трансфер во зимскиот преоден рок. Кристиан Пулишиќ е нов играч на Челзи за сума од 64 милиони евра.

Борусија Дортмунд денес официјално потврди дека постигнала договор со Челзи за трансфер на Пулишиќ, но договорот ќе важи од јуни. Имено, крилниот напаѓач ќе остане во Дортмунд до лето, а потоа ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

„Негова голема желба беше да игра во Премиерлигата. Тоа сигурно има врска со неговото американско потекло и поради тоа не можевме да го убедиме за продолжување на соработката. Решивме да ја прифатиме оваа богата понуда на Челзи од 64 милиони евра. Сигурен сум дека во последните месеци од неговиот престој тука ќе направи се што е во негова моќ да ги исполни спортските цели со тимот на Борусија Дортмунд“, изјави Михаел Цорг, спортскиот директор на Борусија.

 

GOLD
To Top