Новости

Фудбал

Официјално претставено логото за Светското првенство во Катар 2022

Во Доха, главниот град на Катар, беше претставено логото за Светското првенство во фудбал во 2022 година.

Логото содржи мотиви на пустинските дини и е дизајнирано во знакот на бројот осум, што го претставува бројот на стадиони на кои ќе се играат натпреварите.

Претставувањето на новото лого на СП привлече многу внимание во светската јавност и во многу градови во живо се следеше преносот на овој настан.

Според коментарите на социјалните мрежи, новото лого ги задоволи вкусовите на вљубениците во фудбалот.

На СП во Катар ќе учествуваат 32 репрезентации што ќе играат на осум стадиони.

Ова ќе биде прво Светско првенство во историјата на фудбалот што ќе се игра во зима, а според досегашните планови би требало да почне на 21 ноември и да заврши до 18 декември.

Првенството во Катар во 2022 година ќе се игра на стадиони во пет градови – Доха, Лусаил, Ал Кор, Ал Рајан и Ал Вакра.

 

GOLD
To Top