Новости

Фудбал

ПСЖ го нудел незадоволниот Нејмар во Англија

Непосредно по првиот конфилкт на Нејмар со управата на ПСЖ, челниците на првакот на Франција го понудиле својот најскап играч до неколку гиганти од Европа меѓу кои и Манчестер Јунајтед.

Понудата за преговори била експресно одбиена од „Ѓаволите“ кои не сакале воопшто да размислат за евентуален трансфер на Бразилецот.

Оваа информација ја пренесоа медиумите од Франција а доаѓа како потврда за промената на трансфер политиката на клубот од „Олд Трафорд“ кој не сакаше до крај да му ги исполни желбите на Дибала и поради ова пропадна размената со Јувентус во која требаше да биде вклучен и Лукаку.

dribling.mk

GOLD
To Top