Новости

Фудбал

ПСЖ ја доби казната од УЕФА за однесувањето на своите навивачи – еве колку чини

Дисциплинскиот панел на УЕФА денеска му изрече казна на Пари Сен Жермен за однесувањето на навивачите за време на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампиони против Реал Мадрид на „Паркот на принцовите“ на почетокот на месецов.

Домашните навивачи користеа забранета пиротехника на натпреварот што заврши со елиминација на ПСЖ, кој на првиот меч од следната сезона во Лигата на шампиони ќе игра пред делумно затворени трибини. УЕФА донесе одлука да ја затвори северната трибина на „Паркот на принцовите’, а францускиот клуб ќе плати и парична казна од 43.000 евра.

ПСЖ сè уште е под истрага на УЕФА за прекршување на правилата на финансискиот фер плеј, а одлуката се очекува во мај.

Евротип
Евротип
To Top