Новости

Фудбал

Падна договор: Валверде и наредната година ќе биде тренер на Барселона

Челните лица на екипата на Барселона не сакаа да остават ништо на случајноста, па навреме ја завршија работата кога се работи за новиот договор на Ернесто Валверде.

Соработката официјално требаше да заврши на крајот од тековната сезона, но Каталонците решија да го наградат 55-годишникот со нов едногодишен договор. Во истиот постои опција тој да остане на клупата на шпанскиот гигант уште една година, во зависност од постигнатите резултати.

Денес, Валверде стави потпис на новиот договор во пресрет на мечот против Ваљадолид во Примера.

Во првата сезона на чело на Барса, шпанскиот тренер ја освои двојната круна, а оваа година стигна и до трофејот во Суперкупот на Шпанија.

Евротип
Евротип
To Top