Новости

Фудбал

Пандев му испрати порака на Пјонтек пред утрешната пресметка во Скопје

Горан Пандев беше дел од денешната прес-конференција во која му правеше друштво на селекторот Игор Ангеловски, а покрај тоа што нашиот капитен ги издвои најсилните страни на полската фудбалска репрезентација, не можеше да ги избегне прашањата за својот доскорашен соиграч во Џенова, Криштоф Пјонтек.

Популарниот „Робокап“ беше откровениа на сезоната во италијанската Серија А и по страшните први пет месеци во Џенова направи трансфер во Милан, а Пандев денеска откри дека се уште е во одлични односи со напаѓачот кој воедно му бил и сосед во Италија.

– Добро го познавам Пјонтек, останавме пријатели по шесте месеци кои ги минавме заедно во Џенова. Дури живеевме и во иста зграда, секој ден се гледавме и одевме заедно на тренинг. Тој е одлично момче и голем играч. Немаме облог со Пјонте, но ако ги победиме, ќе мора да чести вечера во Скопје, – низ смеа истакна нашиот капитен.

GOLD
To Top