Новости

Фудбал

Пандев од денеска е Италијанец!

Македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев денес официјално стана италијански граѓанин и доби државјанство во земјата каде што ја помина скоро цела своја фудбалска кариера.

 

View this post on Instagram

 

cittadino italiano #cittadinanzaitaliana #felicissimo

A post shared by 27-07-1983 (@gorangochepandev) on


35-годишниот ветеран преку матичната Беласица се пресели во Интер и од тој момент ја започна авантурата во Италија. Во сезоната 2014/15 заигра во Турција, а потоа експресно се врати во италијанското првенство, во редовите на Џенова.

Неодамна еден од најдобрите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал изјави дека размислува за пензија, а кариерата сака да ја заокружи со пласман на Европското првенство со репрезентацијата на Македонија.

GOLD
To Top