Новости

Фудбал

Панучи: Ремито беше најреален исход

Селекторот на Албанија, Кристијан Панучи, процени дека нерешениот резултат на вчерашниот меч во Струмица против Македонија е сосема реален според прикажаното од страна на двете селекции.

„Во првиот дел не одигравме добро, направив замени и во второто полувреме го кренавме нивото. Постигнавме брз гол а имавме и уште една шанса преку Садику да го зголемиме водството“ изјави Панучи.

„Примивме гол од пенал а во последните моменти од мечот Македонија можеше и да победи, мислам дека ремито е поволен и пред се реален резултат.“ додаде селекторот на нашиот западен сосед.

GOLD
To Top