Новости

Фудбал

Пеколен декември: Ливерпул ќе одигра девет меча во еден месец

Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул, ќе мора да издржи пеколен распоред во декември, доколку сака да ја оствари целта и конечно да ја освои титулата во домашното првенство.

Во периодот од 4 декември и 2 јануари, избраниците на Јирген Клоп ќе одиграат девет натпревари. Сето тоа ќе се обиде да го искористи Манчестер Сити, кој ќе се надева на замор и лоши резултати на директниот ривал за шампионскиот трофеј.

Распоред на Ливерпул за декември:

  • 4 декември: Евертон (Д)
  • 7 декември: Борнмут (Г)
  • 10 декември: Салцбург (Г)
  • 14 декември: Вотфорд (Д)
  • 18 декември: полуфинале на Светското клупско првенство
  • 22 декември: финале/меч за трето место на СКП
  • 26 декември: Лестер Сити (Г)
  • 29 декември: Вулверхемптон (Д)
  • 2 јануари: Шефилд Јунајтед (Д)

Осумте бода предност на врвот на табелата им даваат самодоверба на „црвените“ дека ќе успеат да го задржат првото место по празничниот период.

GOLD
To Top