Новости

Фудбал

Пелистер, Академија Пандев и Ренова во полуфиналето на Купот

Македонија ги доби првите три полуфиналисти од Купот на Македонија кога Ренова, Академија Пандев и Пелистер го потврдија пласманот и во реваншот.

Ренова се врати од негатива 1:0 за да го совлада Скопје со 2-1 и да обезбеди вкупен пласман со 4-1, Академија Пандев повторно го торпедира Тетекс, овој пат со 4-1 за вкупна победа од 6-1, а Пелистер и Победа одиграа 2-2 во пелагониското дерби, што беше доволно Пелистер да оди во полуфиналето.

За четвртиот полуфиналист ќе се почека бидејќи Вардар и Шкупи уште го немаат одиграно ниту осминафиналниот дуел поради обврските на шампионот во Лига Европа. Подобриот од тој дуел ќе се судри со Шкендија во четвртфиналето.

Евротип
Евротип
To Top