Новости

Фудбал

Пелистер и Победа со вчерашните порази, поблиску до втората лига

Вчера попладне се одиграа дуелите од 33то коло од македонската лига, во кое Победа и Пелистер со поразите се приближија кон втората лига.

Пелистер на свој терен загуби со 3-1 од АКадемија Пандев. Трифуновски погоди за Пелистерци, Миловановиќ, Чешмеџиев и Балдаовалиев реализираа за гостите.

Со овој пораз Пелистер е на последната позиција со бод помалку од Победа и Скопје, но Битолчани имаат и натпревар помалку.

Победа со 4-2 загуби на гостувањето кај Работнички, Маркоски постигна два гола за домаќините, по еден реализираа Ангелов и Кировски, Лога и Даноски погодија за Победа.

На три меча до крајот Победа е претпоследна со ист број бодови како и Скопје и еден помалку од Пелистер.

Шкупи и Вардар испуштија победи откако Скопје и Ренова погодија во финишот од натпреврите.

Работнички го искористи киксот и сега е во негатива од само еден бод за третата позиција која обезбедува излез во Европа.

Разултати 33-то коло:
Силекс – Шкендија 1:3
Ренова – Вардар 1:1
Работнички – Победа 4:2
Пелистер – Академија Пандев 1:3
Скопје – Шкупи 1:1

GOLD
To Top