Новости

Фудбал

Пелистер и Шкендија финалето на Купот ќе го играат во Струмица

Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Пелистер и Шкендија ќе биде реализирано на 17 мај на стадионот „Младост“ во Струмица, одлучи Фудбалската федерација на Македонија.

Битолчани и тетовци битката за вредниот трофеј ќе ја започнат од 17.30 часот.По подолг период финалниот дуел од најмасовното фудбалско натпреварување на нашата земја нема да се одигра на „Телеком арена“ поради подготовките за Суперкупот на Европа кој ќе биде реализиран на 8 август.

Тогаш во нашава земја ќе се сретнат освојувачот на Лигата на шампионите за тековнава сезона и носителот на победничкиот пехар во Лига Европа.

Евротип
Евротип
To Top