Новости

Фудбал

Пелистер ја започнува одбраната на Купот на Македонија

Денес на фудбалските терени кај нас на програмата се натпреварите од првото коло во фудбалскиот Куп на Македонија. Прволигашите и најдобрите екипи од претходната сезона во ВМФЛ се во улога на носители и натпреварите ќе ги играат на гости.

Носителот на куп-трофејот од минатата сезона, екипата на Пелистер, денеска ќе гостува кај екипата на Беласица, а интересно ќе биде и на уште неколку други средби.

Ова се коплетните двојки за денеска:
ССК Нова – Академија Пандев

Борец – Влазерими

Кожув – Новаци

Вардар Неготино – Еуромилк

Беласица – Пелистер

Плачковица – Победа

Осогово – Брегалница Штип

Могила Би-милк – Силекс

Струга Трим Љум – Македонија ЃП

Зајази – Шкупи

Тетекс – Хоризонт Турново

Тиквеш – Ренова.

Поради настап на Вардар и Шкендија во плеј-офот за Лига Европа, последните две средби од оваа рунда Локомотива – Вардар и Гостивар – Шкендија ќе се играат на 30 август. Работнички и Скопје веќе се во 2. коло.

Евротип
Евротип
To Top