Новости

Фудбал

Пеп Гвардиола со личен рекорд во ЛШ!

Со синоќешната победа на Сити над Реал Мадрид тренерот на “граѓаните” Пеп Гвардиола стигна до личен рекорд. Гвардиола стана тренерот со најмногу победи во Лигата на шампионите во нокаут фаза, со вкупно 28 победи.  Интересно по 27 победи имаат Мурињо, Сер Алекс Фергусон и Карло Анчелоти. Сити се наоѓа на чекор до четвртфиналето, но сепак Гвардиола најавува дека не е готово бидејќи “кралскиот тим” може да го надомести секој резултат. Шанса за поправен испит фудбалерите на Реал Мадрид ќе има за три недели каде ќе бркаат историски подвиг.

Во другиот натпревар фудбалерите на Лион го изненадија Јувентус и го совладаа со 1-0, во првиот дуел од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

GOLD
To Top