Новости

Фудбал

Пех за Ливерпул!

Екипата на Ливерпул се соочува со нов проблем по повредата што Џордан Хендерсон кој ја заработи на првиот натпревар против Атлетико Мадрид. Англискиот репрезентативец мораше да биде заменет, поради болка во мускулот, но откако се извршени детални лекарски прегледи попладнево, европскиот првак издаде соопштени дека тој мора да отсуствува најмалку 20 денови.

Капитенот на Ливерпул ќе го пропушти реваншот од Лигата на Шампионите со Атлетико Мадрид, дуелот од ФА Купот против Челси, како и трите премиерлигашките дуели со Вест Хем, Ватфорд и Борнмут.

GOLD
To Top