Новости

Фудбал

Победа го освои пионерскиот куп на Македонија

Пионерскиот состав на тимот на Победа е освојувач на овогодинешниот куп на Македонија во оваа конкуренција. Прилепчани во финалето кое предмалку заврши на комплексто Петар Милошевски во Скопје, беа подобри од екипата на Њу Старс по подоброто изведување на пеналите. Конечни 6:5, откако регуларните деведесет минути завршија 0:0.

Херојот на прилепчани е голманот Антонио Столевски кој покрај тоа што беше стрелец во пенал серијата, одбрани и пенал во шестата и воедно победничка серија.

GOLD
To Top