Кристијано Роналдо повторно беше предводник на својата селекција на вториот меч за Португалците на Мундијалот во Русија.

Благодарение на голот на Роналдо во 4.минута, Португалија го совлада Мароко со 1-0, во дуел од 2.коло на Б групата во која вечерва од 20 часот во Казан ќе играат Шпанија и Иран.

Со овој гол Роналдо го минале легендарниот Ференцц Пушкаш кој за Унгарија имаше постигнато 84 гола. Денешниот гол за Роналдо беше негов 85-ти во дресот на Португалија, што го чини вториот најефикасен играч во историјата.

Единствено пред Португалецот е Али Даеи кој за селекцијата на Иран има постигнато 109 гола.