Новости

Фудбал

Победа се врати од 2-0 и одигра без победник против Ренова во Тетово

По десетдневните тренинзи исклучиво на физички план, фудбалерите на Победа го одиграа првиот контролен натпревар во зимските подготовки за вториот дел од сезоната на ПМФЛ.

Во Тетово, на теренот со вештачка трева прилепчани се сретнаа со прволигашкиот ривал Ренова, меч кој заврши без победник 2-2. Првиот дел го добија тетовчани со 2-0 со головите на Стојановски и Рамадани, додека во вториот дел Победа со головите на Танушев и Гешоски успеа да избегне пораз на својот прв тест-меч.

По денешниот натпревар во Тетово, утре фудбалерите на Победа ќе добијат слободен ден, а од четврток ќе заминат на 11-дневни подготовки во Дојран. За Ренова, пак, ова беше втор контролен натпревар, по победата над Шкендија од пред два дена. Следен противник на избраниците на Никола Илиевски-Џиџи ќе биде тимот на Борец, меч кој е закажан за по три дена.

GOLD
To Top