Новости

Фудбал

Погба е најскапо платениот фудбалер во ПЛ

Денес некои од водечките медиуми на Островот ја објкавија информацијата дека кинески клуб, чие име засега не е познато, е подготвен да плаќа 400 000 фунти неделно на напаѓачот на Арсенал Алексис Санчез.

Ова даде повод на весникот „Дејли Меил” да направи преглед на 20-те фудбалери со највисоки плати во Премиерлигата. Интересен податок може да се забележи на оваа листа, а тоа е дека првите петмина во на оваа листа се играчи на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Нај наградуван очекувано е најскапиот фудбалер во Светот – Пол Погба. Французинот заработува по 290 000 фунти неделно. 30 000 помалку добива неговиот соиграч – капитенот Вејн Руни. На трето место е друг фудбалер на „црвените ѓаволи” – Златан Ибрахимовиќ (250 000). Следат Серхио Агуеро (240 000) и Јаја Туре (220 000) од Манчестер Сити.

Алексис Санчез, околу чие име ја отвори оваа дискусија го зазема 15-то место на оваа ранглиста.

GOLD
To Top