Новости

Фудбал

Познат составот со кој Македонија ќе му се спротивстави на Лихтенштајн

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски ги одреди 11-те фудбалери со кои ќе му се спротивстави на тимот на Лихтенштајн.

На голот ќе биде стандардниот Димитриевски, одбраната ја сочинуваат Муслиу, Бејтулаи и Ристевски. Во средниот ред ќе бидат Енис Барди и Бобан Николов, додека по крилните позиции ќе играат Тричковски и Хасани.

Нападот ќе го сочинуваат стандардните Александар Трајковски, Горан Пандев и Илија Несторовски.

Натпреварот е со почеток во 20:45 часот.

GOLD
GoldSlot
To Top