Новости

Фудбал

Полски судија ќе ја дели правдата на натпреварот Фенер – Вардар

40-годишниот полски судија, Даниел Стефански ќе му суди на Вардар на реванш средбата со Фенербахче закажана за в четврток во Истанбул. Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди делителите на правдата за сите реванш натпревари од плеј-оф колото за групната фаза на Лигата на Европа.

Стефански важи за искусен судија, кому на оваа средба ќе му асистираат бидат Марцин Бониек и Игор Голис. Главниот судија има меѓународно искуство од 2013 година, а претходно во својата кариера ѝ има судено на македонската младинска репрезентација во квалификациски меч против Украина.

Ова лето и судеше на Ријека на првиот меч со Салцбург во минатото коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

GOLD
To Top