Поради труење на фудбалерите на „Пелистер“, одложен натпреварот Шкупи – Пелистер

Поради труење со храна на фудбалерите на „Пелистер“, натпреварот помеѓу Шкупи и Пелистер е одложен.
Моментално како што дознава Спорт М се уште траат поединечните прегледи во велешката општа болница на фудбалерите на битолскиот клуб „Пелистер“.
Од општата болница во Велес за Спорт М велат дека откако ќе завршат прегледите, инфективната клиника доколку смета дека има основ, може да пријави и во санитарната инспекција од каде ќе треба да извршат контрола врз ресторанот каде што ручале фудбалерите на „Пелистер“.
Натпреварот Шкупи – Пелистер требаше да се игра на стадионот во скопски Чаир, во рамките на 26. коло од ПМФЛ (прва македонска фудбалска лига).
Извор: Sport.mk
