Новости

Фудбал

Поранешниот претседател на Марсеј почина од коронавирус на 68 годишна возраст.

Тажни вести утрово ни доаѓаат од Франција. Поранешниот претседател на Марсеј, Папе Диуф почина од коронавирус на 68-годишна возраст. Диуф синоќа хитно беше пренесен во болницата во Дакар, бидејќи неговата состојба нагло се влоши, но неколку часа подоцна тој го загуби животот.
Тој беше поранешниот новинар и фудбалски агент, чии клиенти беа играчи како Десаи, Галас, Насри и Дрогба, а на местото прецедател на Марсеј, пристигна во 2005-та година, каде се задржа четири години.

Последните две години од животот ги помина со семејството во Дакар.

GOLD
To Top