Новости

Фудбал

Порто го декласира Лестер и ќе игра во осминафиналето

Лестер ја освои Г групата, во последното коло гостуваше во Порто и доживеаа дебакл. Клаудио Раниери на „Драгао“ настапи со комбиниран тим и Порт0 на кого му беше потребна победа тоа го искорсити на вистински начин и славеше со 5:0.

Во вториот меч Копенхаген победи кај Бриж со 2:0 и во пролетниот дел од сезоната ќе игра во Лига Европа.

Лион не успеа да слави против Севилја во Х групата, шшто значи дека Шпанците се втори, а Лион трет, додека Јувентус со триумфот над Динамо Загреб од 2:0 го освои првото место. Динамо единствениот тим кој не постигна ниту еден гол на шестет натпревари во групата.

Жреката за осминафиналето ќе биде извршена в понеделник, носители ќе бидат Арсенал, Наполи, Барселона, Атлетико Мадрид, Монако, Лестер, Борусија Дортмунд и Јувентус, а во вториот шешир ќе се најдат ПСЖ, Бенфика, Баерн, Манчестер Сити, Баер Леверкузен, Реал, Порто и Севилја.

GOLD
To Top