Новости

Фудбал

Прилепчанецот Талески нов голман на Брегалница

Македонскиот голман Давор Талески е нов член на второлигашот Брегалница од Штип. Прилепчанецот се враќа во Македонија послед неуспешна кратка авантура во Европа и стави потпис на договор со штипскиот клуб во кој бранеше во 2016 година.

Инаку 24-годишниот чувар на мрежата ја почна кариерата во 11 Октомври, а играше уште за Победа и за Металург во Македонија, а потоа една сезона помина во финскиот Хонка и една полусезона во грчката Лариса.

Талески има и неколку настапи за младинските категории на Македонија.

GOLD
To Top