Новости

Фудбал

Пронајдени делови од малото авионче со кое Сала требаше да слета во Велс

Британските медиуми попладнево јавуваат за пронајдени неколку парчиња и други работи од авионот во кој се превезуваше Емилијано Сала на тој кобен лет пред една недела.

Резултатите од продолжување на потрагата по овој фудбалер, денеска дадоа резултати. Првите остатоци од авионот биле пронајдени во близина на плажата Суртанвил, на полуостровот Котентин, а пронајдени се две седишта од авионот.

„Доста веројатно е дека се работи за седиштата од авионот во кој се превезуваше Сала, односно душеците од споменатиот авион“, објавија од фирмата Air Accidents Investigation Branch.

За потсетување, малиот авион Piper PA – 46, со кој Сала требаше да стигне во Кардиф и официјално да ја почне соработката со клубот од Велс, за жал не се случи.

Фамилијата на Сала преколнуваше да се бараат и понатаму Емилијано и неговиот пилот кој во кобниот ден го придружуваше, дури беа собирани и пари за да се продолжи потрагата, но сепак сето тоа е неуспешно.

GOLD
To Top