Новости

Фудбал

Пронајдени делови од срушениот авион, истражувачите порачуваат дека Сала не можел да преживее

Британската крајбрежна стража ја запре синоќа потрагата по малиот авион во кој исчезна фудбалерот Емилијано Сала.

Аргентинецот за 17 милиони евра прејде од Нант во Кардиф. Во саботата потпиша за велшкиот клуб, а во неделата отпатува во Нант да се поздрави со своите поранешни соиграчи.

За жал, авионот на враќање се сруши, но се уште не е пронајдено телото на Сала и речиси повеќе никој не се надева дека ја преживеал оваа трагедија.

По доаѓањето во Франција тој на својот пријател и соиграч Николас Палоа му рекол дека летот од Кардиф бил навистина незгоден, изразил загриженост за својата безбедност и очигледно бил во право.

Контролата на летање во понеделникот околу 20 часот загуби контакт со авионот кој на радарот последен пат бил виден кај островот Олдерни меѓу Велика Британија и Франција.

До сега се пребарани 3.000 километри квадратни, а пронајдени се бројни предмети за кои се „прилично сигурни“ дека се делови од исчезнатиот авион.

Смртта на играчот не е потврдена, но истражителите велат дека речиси не постојат шанси Сала да преживеал откако авионот завршил во морето.

„Тешка загуба на еден човек и играч кој со нас мина извесно време. Беше навистина олицетворение на сето она што едно младо момче треба да го има. И понатаму се надевам дека ова не е вистина, но свесен сум дека шансите за тоа се многу мали“, изјави Халилхоџиќ, тренерот на Нант, кој порача дека Сала му бил како син.

Навивачите на Кардиф и Нант веќе почнаа да се простуваат до напаѓачот.

GOLD
To Top