Новости

Фудбал

Реал Мадрид: Перез подготви 300 милиони евра за трансфери

Овој преоден рок неочекувано Реал Мадрид не беше многу активен особено кога станува збор за нови играчи. По заминувањето на тренерот Зинедин Зидан, европскиот првак го „украде“ од шпанската репрезентација селекторот Жулиен Лопетеги. Но, затоа клубот го напуштија Кристијано Роналдо, а потоа и Матео Ковачиќ. Постојано притисок за трансфер во Интер прави и Лука Модриќ (Реал го пријави Интер до ФИФА).

На Сантијаго Бернабе пристигна голманот од Челси, Тибо Куртоа, но тоа не е вистинското засилување. По загубениот Супер куп на УЕФА од Атлетико Мадрид, притисокот кај претседателот Флорентино Перез е голем особено што се виде дека се потребни нови ликови.

Како можни засилувања се споменуваат: Икарди (Интер), Левандовски (Баерн), Вернер (Лајпциг), како реални и не многу скапи опции. Додека засилувања од Премиер лигата е тешко да се очекуваат, а се споменуваат Еден Азар и Маркос Алонсо (Челси) како и Хари Кејн (Тотенхем) особено што преодниот рок во Англија е завршен, па овие два тима нема да можат да се засилат.

Проценките се дека Перез за квалитетни играчи ќе треба да исплати околу 350 милиони евра.

Евротип
SNBROKER
To Top