Новости

Фудбал

Реал Мадрид го прегази Галатасарај, „хет-трик“ на 18-годишниот Родриго

Реал Мадрид не покажа милост и го совлада Галатасарај со 6:0 во натпревар од групата „А“ во Лигата на шампионите, одигран на „Сантијаго Бернабеу“.

Избраниците на тренерот Зинедин Зидан целосно доминираа на натпреварот и за само 14 минути игра, имаа 3 гола предност. Прво Родриго (4′, 7′) постигна два брзи погодоци, а набргу потоа Серхио Рамос (14′) беше прецизен. На крајот од првото полувреме, Карим Бензема (45′) нанесе четврти шамар на гостите.

Во текот на вториот дел, продолжи кошмарот за Галатасарај. Бензема (81′) и Родриго (90 + 2 ‘) го дотолчија противникот а, Бразилецот со тоа го оформи и својот „хет трик“.

Така, Реал останува на второто место во групата со 7 бода, 5 помалку од лидерот Пари Сен Жермен, кој победи со минимални 1:0 вечерва против Бриж, и 5 повеќе од Белгијците на третото место.

Галатасарај е на дното со 2 бода.

Резултати од ЛШ, 4 коло:

Група „А“
ПСЖ – Бриж 1:0
Реал Мадрид – Галатасарај 6:0

Група „Б“
Баерн Минхен – Олимпијакос 2:0
Црвена Звезда – Тотенхем 0:4

Група „Ц“
Аталанта – Манчестер Сити 1:1
Динамо Загреб – Шахтјор Доњецк 3:3

Група „Д“
Локомотив Москва – Јувентус 1:2
Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид 2:1

GOLD
To Top